Гризман првпат по 7 години нема да биде во селекцијата на Франција

607

Антоан Гризман нема да биде дел од репрезентацијата на Франција на претстојните пријателски мечеви со Германија и Чиле.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид ќе ги пропушти натпреварите поради повреда на скочниот зглоб, објавија француските медиуми. Наместо него, во составот на Дидие Дешамп ќе биде повикан Матео Гендузи од Лацио.

Гризман со ова прекинува една неверојатна серија од 84 натпревари на кои беше дел од селекцијата на Франција. Тоа значи дека фудбалерот на Атлетико од јуни 2017 година, досега, беше на секој од натпреварите на својата земја.

ПретходноПеп: Репрезентациите не ме интересираат, одам да одморам во Каталонија
СледноХрватска и Холандија се пофалија со новите дресови за ЕП 2024 (ФОТО)