НБА го доби најбруталното забивање: Се повреди себе си, но и противникот (ВИДЕО)

1564

Минесота победи на гости кај Јута со 114-104, а во центарот на вниманието се најде Ентони Едвардс. Во третата четвртина го изведе најбруталното забивање, за многумина најдоброто оваа сезона. Пред него беше Џон Колинс.

Во акцијата која е хит на социјалните мрежи се повредени и двајцата играчи. Едвардс имаше изместен прст на левата рака и беше лекуван во соблекувалната, по што се врати во игра. Колинс помина многу полошо. Имаше сомневање за потрес на мозокот и поради тоа не играше во последната четвртина. Подоцна беше потврдено дека во таа акција се здобил со набиена глава.

„Отсекогаш сум сонувал да забивам на некој ваков. Мислев дека нема да успеам, дека сум премногу далеку од обрачот“, рече Едвардс по натпреварот.

Резултати: Индијана – Кливленд 103-108, Бостон – Детроит 119-94, Филаделфија – Мајами 98-91, Чикаго – Портланд 110-107, Јута – Минесота 104-114, Голден Стејт – Њујорк 112-119, Сакраменто – Мемфис 121-111 (прод.), Ла Лејкерс – Атланта 136-105.

ПретходноПерез преговара со играчот кој е срцето и душата на Баерн, Баварците ќе добијат 80 милиони!
СледноТрагедија: Почина дечкото на Арина Сабаленка