Украинскиот репрезентативен напаѓач Артем Довбик на лето може да се пресели во германската Бундеслига, пишуваат украинските медиуми.
Според информациите, тимот на нашиот Елиф Елмас, РБ Лајпциг ја разгледува опцијата да потпише со 26-годишниот украински напаѓач кој моментно игра во извонредна форма во екипата на Џирона.
Причина плус за интересот на „биковите“ за Довбик е потрагата по нови опции за позицијата центарфор бидејќи клубот најверојатно летово ќе продаде еден од двајцата први напаѓачи, Опенда и Шешко. И за двајцата веќе има стигнато примамливи понуди од Шпанија и Англија.
Во тековната сезона во шпанската Ла Лига, Артем Довбик за Џирона одигра 27 натпревари на кои постигна 14 гола и забележа 5 асистенции.