Припадници на полициските сили на Шпанија денеска влегоа во просториите на Фудбалскиот сојуз на таа земја со цел да извршат претрес на договорите околу префрлањето на завршницата на Супер Купот во С. Арабија.
Како што велат последните информации има и уапсени и тоа најмалку едно лице.
Ова е поради сомнеж за корупција, а полицијата влегла и во домот на поранешниот претседател на Сојузот, Луис Рубиаелес кој неодамна си даде оставка поради скандалот со шпанската репрезентативка Хермосо.
Ова влегување во Сојузот е топ – тема денеска во Шпанија.