Лошата последна четвртина на мечот со Подгорица им пресуди на кошаркарите на Пелистер во претпоследниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата. Иако одиграа одлични три четвртини во кои беа подобри од подгоричани, битолчани дозволија во последните 10 минути да го расипат целиот впечаток и на крајот да го загубат исклучително важниот меч во битката за пласман во плеј-офот.
Денеска одличната игра Андреј Маслинко не успеа да ја заокружи и со победа. На 24 поени, репрезентативното крило додаде и 10 скока, а Планиниќ имаше уште 19 поени и 6 скока, додека пак Најт заврши со 13 реализации и 5 асистенции.
Последната шанса за место во првата „осумка“ битолчани ќе ја имаат во сабота на пладне, кога ги чека дуелот со лидерот на табелата – екипата на Спартак од Суботица.