Превц леташе најдолго на Планица

695

Словенечкиот ски-скокач Петер Превц победи денеска на скокалницата во Планица, во натпреварување во рамките на Светскиот куп.

Превц освои вкупно 452,1 поен до кои стигна со скокови од 237,5 и 231 метар.

Втор беше Австриецот Даниел Хубер со 448,5 поени, а трет Норвежанецот Андре Јохан Форфанг со 441,3 поени.

Лидер во вкупниот пласман на Светското првенство е Австриецот Штефан Крафт со 2.099 бодови, втор е Јапонецот Рјоју Кобајаши со 1.662, а трет е Германецот Андреас Велингер со 1.470 бодови.

ПретходноМилан сака да го продаде Мањан и да си купи голман од Монца
СледноДоговорот кој Германците го направиле со „Најк“ е двојно повреден од оној со „Адидас“