Одбојкарките на Јанта Волеј се втор финалист во женскиот Куп на ОФМ 2024. Во финалето кое доцнеше еден час поради драмата во пет сета на првиот полуфинален меч, скопскиот состав одигра многу подобро и сосема заслужено дојде до победата.
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ 1:3 (19:25, 25:19, 20:25, 16:25)
Екипата на Наковски Волеј во првиот сет тргна добро, но како што одминуваше истиот, Јанта Волеј успеваше да го сврти резултатот во своја полза и на крајот со 25:19 да поведе со 1:0.
Струмичанки успеаја да им вратат со иста мера во вториот сет и да израмнат на 1:1. Сепак, тука како да застанаа. Во третиот и особено во четвртиот сет се беше во знакот на Јанта Волеј, кој на крајот успеа да дојде до посакуваната победа и пласман во неделното финале со екипата на Струмица.