Ја тешеше по смртта на нејзиното момче, а сега настрада од Сабаленка во Мајами

385

Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар кој играше во НХЛ, ненадејно почина пред четири дена на 43-годишна возраст. Колцов во последните две и пол години бил во врска со сонародничката Арина Сабаленко, второрангирана тенисерка во светот. Таа го освои Австралија опен во јануари, а Колцов ја бодреше од трибините. Сабаленка била скршена од оваа смрт, а два дена по трагедијата објавила дека таа и Колцов неодамна раскинале.

Иако потресена од трагедијата, Сабаленка реши да игра на Мастерсот во Мајами само неколку дена по смртта на Колцов. Оваа трагична и чудна ситуација ја прави уште побизарна и поболна фактот што Сабаленка во второто коло на Мастерсот во Мајами ја чекаше меч против нејзината најдобра другарка. Паула Бадоса, 72-та тенисерка во светот, прва ја утеши Сабаленка по смртта на нејзиното поранешно момче, а сега беа на спротивни страни и тоа веднаш по трагедијата. Затоа овој натпревар се чекаше со голем интерес.

Сабаленка победи со 6:4, 6:3 за помалку од час и половина, а забележливо беше дека Белорусинката е расположена. Во еден момент дуваше ветер, а таа почнала да се смее на несмасноста на собирачот на топки. Втората тенисерка во светот доминираше против нејзината најдобра пријателка. Во првиот сет го направи првиот брејк во седмиот гем, а три гема подоцна во вториот. Во вториот сет Сабаленка направи брејк во третиот гем, а потоа ја заврши противничката. После тоа насмеани се прегрнаа. Во третото коло Сабаленка игра против Анхелина Калинина од Украина.

ПретходноБонучи во јуни се враќа во Италија
СледноЈокиќ се повреди во најлошиот момент, Вориорс на „менито“ на Индијана (ВИДЕО)