Дани Алвеш не успеал да собере пари за кауција – останува во затвор

164

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој беше осуден на четири и пол години затвор за силување, не успеа да собере еден милион евра за кауција во предвидениот рок и ќе мора да остане во притвор најмалку до понеделник. Во средата судот во Барселона одлучи да му дозволи на Алвеш да се брани од слобода во жалбената постапка и одреди кауција од еден милион евра.

Меѓутоа, бидејќи правните застапници на 40-годишниот бразилски фудбалер не успеале да ја наплатат и платат таа сума до дадениот рок (петок, 14 часот по средноевропско време), Алвеш овој викенд ќе го помине зад решетки, а најрано може да биде излесе во понеделник.

Бразилецот веќе 14 месеци се наоѓа во затвор, кој се наоѓа на 40 километри северозападно од Барселона. И покрај долгата и исполнета кариера со трофеи во која играше за некои од најдобрите и најбогатите европски клубови, како што се Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен, Дани Алвеш се чини дека нема доволно заштеди за да ја покрие сумата за кауција.

На 22 февруари годинава Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување на млада жена, што според нејзината изјава се случило ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година во ноќен клуб во Барселона.

Ниту една страна не е задоволна од ваквата одлука на судот, бидејќи бразилскиот фудбалер тврди дека е невин, а обвинителството побарало многу построга, деветгодишна затворска казна. Двете страни најавија дека ќе се жалат на пресудата.

ПретходноЈокиќ се повреди во најлошиот момент, Вориорс на „менито“ на Индијана (ВИДЕО)
СледноВерстапен најбрз во квалификациите, со победа во Австралија ќе го израмни својот рекорд