Бразил ја совлада Англија на „Вембли“ со деби гол на 17-годишниот Ендрик

872

Репрезентацијата на Бразил со минимален резултат 1:0 славеше против Англија на „Вембли“ во пријателски меч. Погодокот за победа на „Селесао“ го постигна 17-годишниот Ендрик во 80. минута и тоа девет минути откако влезе во игра на местото на Родриго.
За издвојување од првото полувреме беа паѓањата на Винисиус на едната и на Деклан Рајс на другата страна по кои фудбалерите бараа пенали. Исто така во 35 минута Лукас Пакета ја погоди стативата.
Ендрик влезе во игра во 71 минута, а потоа се најде на вистинското место за да ја погоди мрежата и со тоа да го постигне дебитантскиот гол за „Селесао“. Тој е најмладиот фудбалер кој дал гол на Вембли без разлика дали се работи за клупски фудбал или репрезентација.
Исто така со 17 години и 246 денови е најмладиот фудбалер со гол за Бразил по Роналдо во 1994 година.

ПретходноЦрвена Звезда-Зенит, кореографијата на „Делиите“ и пораката „засекогаш браќа“
СледноНема сопирачка: Работнички го „прегази“ Феникс!