Крај на мачната недела на Сабаленка во Мајами, го искрши рекетот и си замина без поздрав

2781

Арина Сабаленка го заврши настапот на ВТА турнирот во Мајами откако во три сета изгуби од Анхелина Калињина од Украина и со тоа ја заврши мачната недела во која го загуби поранешното момче кое почина по пат од хотелска тераса.
Калињина, која е 35. тенисерка на светот, го доби првиот сет со 6:4, вториот го изгуби со 1:6, а потоа беше подобра во третиот 6:1.
Сабаленка беше фрустрирана во делови од мечот, во бес неколку пати го удираше тенискиот рекет од теренот. На крајот го искрши и без поздрав го напушти теренот.


Во следното коло во Мајами од дамите се пласира Калинина која беше поуспешна од Сабаленка со 2-1 во сетови. Понатаму отидоа уште Сакари, Аванесјан, Кис, Рибакина, Путинцева, Батлер, Калинскаја…
Во машкиот дел, вториот тенисер на светот Карлос Алкарас се пласира во третото коло откако во 81 минути го совлада сонародникот Роберто Карбаљес Баена со 6-2 и 6-1.
Противник на Алкарас во следното коло ќе му биде Французинот Гаел Монфис, кој го совлада Џордан Томсон од Австралија со 2-1 во сетови.
Во следното коло се пласираа уште Корда, Зверев, Ибенкс, Черундоло, Качанов.

ПретходноНеверојатна сезона за Вирц – „гази“ во Баер, а сега постави рекорд за Германија
СледноГалакси од 0:2 до 3:2 за осум минути, Интер Мајами претрпе тежок пораз