Вечерва ќе се одиграат финалињата од плеј-офот во Лигата на нациите по кои ќе бидат познати последните три падници на Европското првенство кое ова лето ќе се одигра во Германија.
ВО Кардиф ќе се соочат Велс и Полска (20:45 ч), во Тбилиси репрезентацијата на Грузија ќе игра против поранешниот европски првак Грција (18 часот), додека во Вроцлав ќе играат Украина и Исланд (20:45 ч).
ВЕЛС-ПОЛСКА
Полска стигна до финалето по убедливата победа над Естонија во плеј-офот, а Велс беше убедлив против Финска. Полјаците ги добија претходните шест натпревари против Велс (еден од нив пријателски).
УКРАИНА- ИСЛАНД
Двата претходни натпревари на Украина со Исланд завршија 1:1, но овојпат мечот го игра во Вроцлав, Полска. Украина седум пати стигнала до плеј-оф за пласман на ЕП, но само еднаш поминала и тоа против Словенија за пласман на ЕП 2016.
Исланѓаните влегуваат во ова финале по победата од 4:1 над Израел во полуфиналето. Да потсетиме Украинците во полуфиналето ја поминаа Босна и Херцеговина.
ГРУЗИЈА – ГРЗИЈА
Грузија играше финале на плеј-офот за пласман на ЕП, но тогаш во Тбилиси беа запрени од Македонија. Сега пред нив имаат цврста репрезентација но и непредвидлива и против која немаат победа во девет дуели (две ремија и седум порази).
Во полуфиналето Грузија го победи Луксембург, а Грција беше подобра од Казахстан.