Кристијано Роналдо повторно покажа колку не сака и не знае да губи. Откако неговата Португалија загуби во пријателскиот натпревар од Словенија со 2:0, направи скандал. Еден од најдобрите фудбалери во историјата излета од теренот по последниот свиреж на судијата, а потоа бил снимен како му се заканува на четвртиот судија.
Кристијано во поголемиот дел од натпреварот бесот го насочуваше кон судијата и постојано му приоѓаше и се жалеше на неговите одлуки, а тој беше невидлив на теренот и само еднаш го шутна голот на Јан Облак. Погледнете го тој момент:
🚨 Cristiano Ronaldo is Furious 😡🤬pic.twitter.com/bXD8TDKRZ8
— KinG £ (@xKGx__) March 26, 2024