Се чинеше дека Сакраменто одреден период ќе води битка со Денвер, Оклахома и Минесота, но дефинитивно не се подготвени за такво нешто бидејќи Далас не само што им го „украде“ местото во плеј-офот, ги испрати во плеј-ин на десет кола до крајот. Далас на нивен терен ги совлада кралевите со 132:96, а Лука Дончиќ практично се „прошета“ овој натпревар и тоа повторно беше доволно за да влезе во историјата на НБА.
Дончиќ го заврши мечот со 28 поени, 11 скока, шест асистенции и две украдени топки. На Словенецот му беше доволно едно полувреме да го прегази Сакраменто, а потоа тренерот Џејсон Кид одлучи да го поштеди енергијата. Најтешките игри допрва доаѓаат.
Дончиќ почна фуриозно, во првото полувреме имаше 26 поени, седум скока и пет асистенции, верувале или не, ова е 15-ти пат сезонава да постигнува најмалку 25 поени во првото полувреме. Следните тројца кошаркари на тој список успеаја да го направат тоа 14 пати заедно, а тоа доволно говори за тоа како игра Словенецот и како никој не може да го спречи кога ќе се „загрее“. А особено кога противникот е поспан како Сакраменто.
„Јас сум Џокерот, а Кајри е Бетмен“, изјави Дончиќ по натпреварот во кој неговиот „партнер во криминалот“ Ирвинг постигна уште 24 поени, додека Тим Хардавеј додаде 22 од клупата. На друга страна Сабонис повторно беше близу до трипл-дабл, имаше 12 поени, 11 скока и девет асистенции.
На останатите средби Мајами на домашен терен беше совладан од Голден Стејт со 92-113, Милвоки после продолѓение беше поразен од ЛА Лејкерс со 124-128, Њу Орлеанс немаше решение за Оклахма со 112-119, Сакраменто – Далас 96-132.