ЕХФ потсети на вечната листа на стрелци, а таму Лазаров е недопирлив!

1394

ЕХФ на својата официјална страница како загревање за продолжението на сезоната во која следат битките во нокаут фазата потсети на изгледот на вечната листа на стрелци. А таму на врвот е македонската гол-машина, Кирил Лазаров.

Иако е во пензија, сепак најдобриот македонски ракометар засега е недопирлив. Лазаров 252 меча во ова натпреварување има постигнато 1482 гола. Зад него се наоѓа Никола Карабатиќ со 1194 погодоци, третото место му припаѓа на Тимур Дибиров, кој има 1163 гола. Главната четворка ја комплетира Микел Хансен кој има бројка од 1120 гола.

ПретходноАлкараз лесно до 1/4 финалето во Мајами
СледноИванишевиќ повеќе не е тренер на Ѓоковиќ