Агентот на дефанзивецот на Баерн, Алфонсо Дејвис, Ник Хоусе го искритикува германскиот првак поради ултиматумот кој му го поставува на неговиот фудбалер. Баерн му предложи на Дејвис продолжување на договорот со плата од 14 милиони по сезона. И Реал Мадрид има интерес кон него.
„Не е фер тоа што Алфонсо сега е нападнат. Бевме блиску до договор пред една година. Тогаш беше сменето целото раководство на клубот. После тоа не слушнавме ништо од нив цели седум месеци, иако за тоа време се обидов да контактирам клубот .
Сега ни поставуваат ултиматум. Мораме да реагираме во рок од две недели бидејќи клубот е под притисок и требаше долго време да го изгради своето раководство. Не е фер.
Ова е многу важен договор за Алфонсо и не можеме да донесеме одлука без да знаеме кој ќе биде новиот тренер или како ќе изгледа тимот следната сезона. Затоа сметаме дека е неправедно да се добие ултиматум. Ќе одлучиме како да реагираме на лето, кога ќе бидат појасни работите“, изјави Хосе за „Билд“.