Федерико Киеза одлучи да го продолжи договорот со „Старата дама“. Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец со „бјанконерите“ истекува на крајот од сезоната 2024/2025, а Јувентус размислуваше за можна продажба на играчот ова лето за да избегне негово заминување како слободен играч следното лето.
26-годишниот офанзивец е меѓу најважните играчи во тимот, но неговите чести повреди ги натераа челниците на клубот да бараат намалување на неговата плата. Според неколку италијански изданија, Киеза се согласил на овој услов и ќе потпише со Јуве на уште една година до летото 2026 година.