Пеп Гвардиола: Ливерпул е најголем фаворит за титулата во ПЛ!

168

По вчерашното реми на „Итихад“ во големото дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал, кое заврши 0:0, на табелата после 30.коло сега Ливерпул е прв со 67 бодови, втор е Арсенал со два бода помалку и трет е Сити со 64 бода.

Повеќе од јасно е дека до крајот ќе се води жестока битка за тронот во најсилната лига во светот.

Свој коментар за тоа кој е сега фаворит за титулата, имаше Пеп Гвардиола, стратегот на Манчестер Сити:

Како прво јасно е дека сакаме да освоиме се што можеме, во ПЛ, во ФА купот и во ЛШ. Сепак, најголем фаворит за титулата во Премиерлига е Ливерпул, потоа доаѓа Арсенал а ние сме трети. Таква е сега табелата и такви се шансите“ посочи Гвардиола.

ПретходноНеверојатно: Гостите играле со 9 играчи па загубиле 32:2!
СледноНејмар по 11 години се враќа во Сантос?! (ВИДЕО)