Хансен ја завршува кариерата: Можам да играм и до 45 години, но доста е

538

Данскиот ракометар, Микел Хансен, денеска најави дека ќе ја заврши ракометната кариера по Олимписките игри во Париз.
Ова лето е вистинскиот момент да се повлечам од активното играње на ракомет. Мојата мотивација и понатаму е присутна. Сезоната се уште не е готова и уште многу да се игра. Се радувам на наредните месеци и ќе се потрудам максимално да ги искористам“, изјави Хансен.
Тројниот најдобар ракометар на светот (2011, 2015 и 2018 година) додаде дека можел да продолжи да игра, но се одлучил да каже доста.
Да сакав, веројатно ќе можев да играм до 40 или 45 години, но тоа не сум јас. Доста е“, додаде Данецот кој со својата репрезентација беше европски првак 2012 година, олимписки шампион во 2016 и троен светски шампион 2019, 2021 и 2023 година.
На 266 меча за Данска постигна 1350 голови, вклучувајќи 296 на ЕП.

ПретходноЃорческа поразена во второто коло на фјучерсот во Сплит
СледноМакедонија до 14 ќе одигра два контролни натпревари против Турција во Скопје