Кристијан Наумовски (35), еден од нашите најдобри голмани во последната деценија и некогашен репрезентативец на Македонија, и официјално го продолжи договорот со тимот на ДПММ од Брунеи. Како што и самиот објави на своите социјални мрежи, Наумовски го продолжил договорот односно потпишал нов договор со овој клуб.
Ова значи дека Кико ќе остане во Бруне најмалку уште една сезона.
Инаку во зимскиот преоден рок се шпекулираше дека се враќа во Шкупи, а и дека има понуди од други клубови, но сепак тој одлучи да се врати во Брунеи и таму да ја продолжи својата кариера.










