Македонската женска ракометна репрезентација завери пласман на Европското првенство 2024 година, откако на гостувањето кај Азербејџан славеше со 22-37. Нашите ракометарки европската виза ја обезбедија на едно коло до крајот на квалификациите.
Последниот натпревр од овој циклус „црвено-жолтите“ го играат во недела (18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ за противник ја имаат селекцијата на Литванијa, влезот е слободен.
Во составот за оваа средба која нема резултатско значење во однос на ЕУРО 2024 нема да биде нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска. Таа од Баку замина за Москва каде ја чека важен меч во тамошниот Куп. Со оглед на тоа дека Македонија веќе завери место на ЕП 2024, предводникот на националниот тим, Кристијан Грчевски одлучи да и излезе во пресрет на Ристовска и на нејзиниот тим.










