По поразот на Интер Мајами: Меси се расправал со судиите и противничкиот тренер! (ФОТО)

202

И дефинитивно во последно време не му оди на Интер Мајами, а посебно кога во тимот не е Лео Меси. Така беше и синоќа кога тимот од Флорида на свој терен беше поразен од Монтереј со 1:2, во меч од Конкакаф Лигата на Шампионите. Реваншот се игра во Мексико.

Меси бил во ложата, но незадоволен од тоа што го виде на теренот, од тоа како се суди, тој по завршување на мечот пред соблекувалните и почнал да се расправа со судиите. Во тие моменти во таа вербална војна се вклучил и тренерот на гостинскиот тим, за да Меси и со него почналч расправија. Покрај него во таа расправија учествувале и неговите соигралчи Алба и Суарез.

Image

ПретходноТен Хаг со порака до Ретклиф: На добар пат сме, не го прекинувајте процесот!
СледноОфицијално: Најдобриот стрелец во ПМФЛ и во следната сезона во нападот на Воска!