Тимот на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми за само неколку дена во два наврати славеа во Сплит кај вечниот ривал и му ја уништија сезоната на Хајдук.
Во средата вечерта додека на „Пољуд“ се играше дербито, на стадионот на “модрите“ во Загреб, на “Максимир“ се одвивала вистинска драма.
Имено непознат маж се обидел да влезе во клупските простории на Динамо. Внатре имало три вработени жени кои на почеток се сокриле, но потоа ја информирале полицијата која го привела натрапникот.