Ненад Димитријевиќ и неговиот УНИКС беа поразени во Санкт Петербург во натпреварот од втората фаза од регуларниот шампионат на ВТБ лигата. Екипата на Зенит пред своите гледачи славеше над УНИКС со 91:87.
Нашиот плеј и овојпат беше прв играч во составот на УНИКС но неговите 24 поени не успеаја да помогнат тимот од Казан да го избегне поразот. Нено мечот го заврши и со 5 скока и 4 асистенции.
Во моментов, УНИКС е на првото место со натпревар повеќе од главните ривали. Зенит е на третото место со два бода помалку од УНИКС.