ТФТ остана со празни раце, Чаир се врати од минус 17

81

По два и пол часа конечно го добивме победникот меѓу Чаир и ТФТ. Домашниот тим успеа да се врати од минус 17 и во драматична завршница да слави со 81-78 и да поведе во четвртфиналето на плеј-офот. На другата страна гостите имаат за што да жалат, го имаа мечот во џеб, но не се снајдоа во финишот.

Тимот од Тафталиџе за кратко време поведе со двоцифрена разлика (9-19), по првата четвртина беше 17-28. И тука не застана, доминацијата ја продолжи во втората четвртина во која имаше и водство до 17 поени (26-43).

По одморот Чаир се уште не беше сериозна закана, бидејќи на истекот на 30-та минута имаше негатива од 56-66. Кам-бекот се случи во последните пет минути кога домашниот тим со серија од 13-0 успеа да поведе за првпат на мечот, во 38 минута на семафорот стоеја 74-73.

Николов беше „херојот“ на ТФТ кој успеа да го прекине налетот на противникот, мечот влезе во неизвесна завршница. Тимот од Тафталиџе при 76-77 не искористи напад да го зголеми водството, на другата страна Чаир по тајм-аутот, Роби погоди две слободни фрлања за 78-77, а по новиот неискористен напад на противникот, зголеми на 80-77. Ташовски погоди едно од двете слободни фрлања за 80-78, на другата страна Чаир успеа да го сочува скромното водство и да поведе во плеј-офот.

ПретходноМбапе и другарите се спасуваа од пораз од последниот на табелата!
СледноБилбао преку пенал-серијата до пехарот во “Купот на кралот“!