Македонските ракометарки со интересна порака пред мечот со Литванија (ВИДЕО)

521

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го игра последниот квалификациски натпревар за ЕП 2024 година. Нашите девојки во Баку го заверија своето место на ова континентално натпреварување, иако денешниот меч нема резултатско значење, сепак посакуваат победнички крај на овој успешен циклус.

„Црвено-жолтите“ имаа една желба пред оваа средба, пред полни трибини, обоени во „црвено-жолта“ боја да го прослават пласманот на Европското првенство, кое после 12 години е обезбедено преку квалификации. Пред две години, Македонија беше дел од еврошампионатот благодарение на РФМ и нивната решителност да бидат еден од домаќините на тоа првенство.

Утринава на официјалната Фејсбук станица, ракометарките испратија интересна видео порака.

ПретходноРадески: Знаеме кој е Вардар, но Струга ТЛ ќе оди на победа!
СледноПМФЛ: Вардар на мегдан со шампионот, Работнички и Брегалница со нови тренери по бодови со Воска и Шкупи