Грчевски го одреди составот за мечот со Литванија

182

Македонската женска ракометна репрезентација вторпат по ред ќе биде дел од Европското првенство, седми пат во својата историја. Нашите девојки после 12 години преку квалификациите го заверија својот билет за континенталното натпреварување.

Големиот успех ракометарките сакаат да го прослават со победа на денешниот последен натпревар против Литванија. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ (18 часот), а влезот е слободен.

На оваа средба во составот ќе ја нема нашата најдобра репрезентативка, Сара Ристовска која доби дозвола да се врати во Москва поради обврски со ЦСКА во тамошниот Куп.

Предводникот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски го одреди списокот за пресметката со Литванија. Покрај Сара Ристовска, во него не се најдоа Ема Кирова, Ана Марија Коларовска, Сара Стефанова.

 

ПретходноНаследникот на Клоп наскоро ќе се официјализира: Победата на сезоната го забрза и потписот на годината!
СледноДвата струмички состави го потврдија местото во финалето на плеј-офот