Егоров за еден поен не успеа да обезбеди олимписка норма за Париз

100

Последната надеж на макеоднската боречка репрезентација на Олимпискиот квалификациски турнир во Баку, Владимир Егоров, не успеа да го направи и последниот чекор до обезбедување олимписка норма за Игрите во Париз.

Во полуфиналето во категоријата до 57 килограми, нашиот борач имаше неизвесен меч со четврторангираниот светски борач во оваа категорија, Алиабас Разаде и не успеа да стигне во финалето и да обезбеди виза за настап на Олимписките Игри. Азербејџанецот славеше тесно со 4:3 и успеа да се избори за финале.

Претходно преостанатите наши борачи, Раул Шапиев и Магомегаџи Нуров не успеаја да ги минат квалификациите.

Во женска конкуренција, Вероника Рјабоволова во категоријата до 53 килограми заврши со една победа и еден пораз освојувајќи го петтото место во нејзината категорија.

ПретходноМаж убиен пред стадионот на Тотенхем, мечот со Нотингем Ф. ќе се одигра
СледноПМФЛ: Супер Вардар го победи шампионот, “сините“ го урнаа Шкупи, моќен Тиквеш, без победник во Ѓорче и Охрид! (ВИДЕО)