Интер Мајами е елиминиран во четвртфиналето во КОНКАКАФ Лигата на шампиони, откако загуби со 3-1 на гостувањето кај мексикански Монтереј. Првата средба исто така заврши со победа на Монтереј (2-1).
Лионел Меси кој не играше на првиот натпревар, сега беше стартер, но не беше доволно за радост. Ниту тој, ниту Луис Суарез не можеа да му помогнат на Интер Мајами, кој во 78. минута при 3-0 остана без Жорди Алба (заработи црвен картон).
Васкез, Бертераме и Гаљардо беа стрелци на головите кај победникот, на другата страна Гомез на асистенција на Меси ги постави конечните 3-1.