Полски репрезентативец го продаде медалот од Рио за да му помогне на детенце

62

Полскиот фрлач на диск, Пјотр Малаховски неколку пати го испиша своето име во историјата на споменатиот спорт, а меѓу другото освои медали од ОИ во Пекинг 2008 и Рио 2016 година.
На двете игри за „влакно“ му избега златниот медал. Во Рио 33-годишниот Малаховски отиде како актуелен европски и светски шампион, а штета што не успеа да биде и олимписки шампион.
Малаховски откри дека сега го продава сребрениот медал од ОИ во Рио и парите ќе ги донира за лекувањето на тригодишното дете Олек Симакси кој се бори со редок вид на рак (Ретинобластом). Детенцето треба да се лекува во Њујорк, а фамилијата организирале страница за донации (требало да се соберат 126.000 долари), а Малаховски одлучил да го продаде медалот и да помогне.
„Апелирам до сите. Ајде заедно да се бориме за нешто што е најдрагоцено – здравјето на ова фантастично детенце. Сите сте повикани на аукција“, напишал спортистот.
Полските милијардери Доминик и Себастијан Кулчик го купиле медалот и на тој начин е собрана преостанатата сума на пари, потребна за интервенцијата во САД.

ПретходноСпектакуларното забивање на Леброн, кое Џа Морант не можеше да го „свари“ (ВИДЕО)
СледноУЕФА отвори постапка против Барселона поради расистички скандирања во Париз