Лацио убедлив против Салернитана! (ВИДЕО)

101

Лацио по поразот минатиот викенд од Рома во градското дерби, вечерва во меч од 32.коло во Серија А, Лацио сиот гнев го искажа врз Салернитана и успеа да ја победи со 4:1.

Водечкиот гол тимот на стратегот Игор Тудор го постигна во 7.минута преку Фелипе Андерсон. Во 14.минута веќе беше 2:0 и тоа со голот на Вецино.

Гостите намалија на 2:1 преку Чауна, за да Фелипе Андерсон со гол во 35.минута носи водство од 3:1.

Конечните 4:1 ги постави Исаксен во самиот финиш на овој натпревар кој се играше на “Олимпико“ во Рим.

ПретходноПартизан со победа се прости сезонава од Евролигата!
СледноТренерот на Лајпциг: Повторно разговарав со Елмас, мора да биде трпелив!