Стана познато зошто Кевин Де Бруине не се појави во составот на Манчестер Сити на првиот меч со Реал (М) во четвртфиналето на ЛШ. Според медиумите во Анлиха, тој се затрул со храна во хотелот во Мадрид, каде тимот престојуваше.
Белгиецот се чувствувал лошо пред натпреварот и потоа воопшто не се појави во тимот кој Пеп Гвардиола го изнесе на теренот. Тој повраќал во соблекувалната непосредно пред почетокот на натпреварот.
Самиот играч рекол дека сигурно бил затруен од храната во хотелот неколку часа пред почетокот на натпреварот. Клубот беше многу загрижен за можно масовно труење, но тоа не се случи.
Кевин веќе се вратил на тренинзите на Сити и најверојатно ќе учествува на домашниот натпревар против Лутон.