УЕФА отвори дисциплинска постапка против Барселона, откако најмалку двајца навивачи на каталонскиот состав имитирале мајмунски звуци и покажувале нацистички поздрави за време на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ во Париз. Насилниците се приведени.
„Л’Екип“ тврди дека Каталонците може да добијат забрана за патување на нивните навивачи на гостувањето во евентуалното полуфинале од ЛШ. Во првиот четвртфинален натпревар Барселона славеше на гости со 3:2 и со една нога чекори кон следната рунда.
УЕФА веќе отворила случај против Барселона, а ПСЖ поднесе три жалби за однесувањето на каталонските навивачи.