Леброн Џејмс имаше спектакуларно забивање со кое стави точка на синоќешната победа на Лејкерс против Менфис во претпоследната рунда на мечевите од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
„Кралот“ украде топка во последните секунди на мечот и изведе спектакуларно забивање за конечни, 123:118.
Џејмс веднаш по забивањето се најде покрај клупата на Гризлис, каде малку влезе во конфликт со повредениот противнички кошаркар Џа Морант, кој го поттурна. 39-годишниот кошаркар само се насмевна како одговор.
Лејкерси по победата над Мемфис (123:120) се искачија на 8. место на Западот.