Луис Алберто: Си одам, не сакам ни евро повеќе од Лацио

397

Лацио пред своите гледачи вчера ја совлада Салернитана со убедливи 4:1, но сепак, по натпреварот како бомба одекна веста дека Луис Алберто, еден од најдобрите играчи на Лацио, побарал раскин на договорот и дека го напушта клубот.

“Последниве неколку недели беа тешки за мене. Не знам каков ќе биде проектот овде, но можам да кажам дека сигурно нема да бидам дел од тој проект следната сезона. Веќе побарав од клубот да го раскине договорот. Не сакам да земам ни евро повеќе од Лацио Мислам дека е добро да се тргнам на страна“, изјави шпански играч од средниот ред.

Алберто има договор со Лацио до летото 2027 година, но сега е јасно дека нема да го одработи до крај.

ПретходноПМФЛ: Забревтаниот Тиквеш по бодови и во Гостивар, скопски дуел на Чаир, Брера ја дочекува Воска
СледноВМФЛ: Беса ги дочекува “пиратите“, Пелистер на мегдан со Арсими