Во Португалија започна плеј-офот, а на стартот имавме македонско дерби. Никола Митревски против Филип Талески, победата ја однесе Порто за кого настапува македонскиот репрезентативен голман и капитен. Неговиот тим ја совлада Бенфика со 36-32.
Митревски беше стрелец на два гола за својата екипа, зад своето име запиша 15 одбрани, додека Филип Талески постигна три гола за Бенфика.
Порто има 32 бода (меч повеќе), еден помалку од лидерот Спортинг, Бенфика има 30 и меч повеќе, а Брага има 25 бода.