Циципас по третпат го освои Монте Карло и се врати во ТОП 10

180

Најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас по третпат во кариерата го освои трофејот на АТП Мастерсот во Монте Карло. Во финалниот натпревар тој го победи Норвежанецот Каспер Руд со 6-1, 6-4.

На Гркот му беа потребни 97 минути за да победи, а со тоа тој стана петтиот тенисер во историјата кој освоил три или повеќе титули на овој престижен турнир, прв од трите европски Мастерси на земјена подлога. Во Монте Карло трипати триумфираа и тениските легенди Бјорн Борг, Томас Мустер и Илие Настасе, а далеку пред сите е Рафаел Надал со 11 победнички трофеи.

Иако во оваа сезона имаше скромен учинок (11-6) и само едно полуфинале до настапот во Монте Карло, Циципас повторно блесна во Кнежевството и за првпат од Торонто 2018 година успеа да победи тројца тенисери од Топ 10 на еден турнир, овој пат Германецот Александар Зверев (АТП – 5.) во осминафиналето, Италијанецот Јаник Синер (АТП – 2.) во полуфиналето и Каспер Руд во финалето.

ПретходноМилан извади реми на гости кај Сасуоло (ВИДЕО)
СледноТрајковски погоди, но Хајдук повторно поразен (ВИДЕО)