Жестоката битка на „Монжуик“ донесе два гола и еден црвен картон во првите 45 минути од реванш пресметката меѓу Барселона и ПСЖ во четврфиналето од Лигата на шампионите. Барселона поведе со голот на Рафиња, малку среќно, во 12. минута (ВИДЕО), по што следуваше еден старт од зад грб на Араухо и директен црвен картон за фудбалерот на Барселона во 29. минута. 10 минути подоцна Усман Дембеле носи радост за ПСЖ и израмнување на 1:1 (ВИДЕО).
Во Дортмунд, Борусија потсети на најдобрите денови оваа сезона и со 2:0 замина на одмор. Бранд (ВИДЕО) и Матсен (ВИДЕО) беа стрелци на головите за „милионерите“, откако на самиот почеток на мечот Алваро Мората промаши зицер кој едноставно не се промашуваше. Германците сега влегуваат во вториот дел со предност која може да ги однесе во полуфинале.