ЛШ: Шпанска „чистка“ – ПСЖ и Борусија (Д) во полуфинале (ВИДЕО)

636

ПСЖ и Борусија (Д) се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите оваа сезона. Парижани ја совладаа Барселона на гости со 4:1 и вратија за поразот на „Паркот на Принцовите“ (2:3), додека Борусија (Д) го „среди“ Атлетико победувајќи дома со 4:2 и анулирајќи ја негативата од 1:2 од првиот меч во Мадрид.

За Барселона мечот тргна одлично. Со голот на Рафиња во 12. минута успеаја да поведат и да најават нова доминација на патот кон полуфиналето. Но, она штосе чини беше пресвртница денеска во Каталонија беше моментот од 29. минута, кога Роналд Араухо стартуваше од зад грб врз Баркола, а главниот судија Иштван Ковач од Романија му покажа црвен картон.

До полувреме ПСЖ со голот на Дембеле израмни на 1:1, а во вториот дел ја искористи играчката предност, па со головите на Витиња и на Мбапе од пенал стигна и до предност од 1:3 која беше клучна за патот на Французите кон полуфиналето. Во завршните моменти од регуларниот дел на мечот, Мбапе погоди и вторпат, овој пат за конечни 1:4.

Вистинско лудило беше во Дортмунд. „Милионерите“ со два брзи гола на Бранд и Матсен во првото полуреме направија предност од 2:0 и го анулираа водството 91:2) кое Атлетико го имаше од првиот меч. Сепак, на стартот на вториот дел со автоголот на Хумелс и еден погодок на резервистот Анхел Кореа, Атлетико успеа да се врати во мечот за 2:2.

Иако се чинеше дека на гостите од тој момент ќе им биде многу полесно, така не мислеа домашните играчи. Повторно продолжија со својот офанзивен стил на игра и повторно во само три минути погодија двапати. Со голт на Никлас Филкруг во 71. минута дојдоа до 3:2, а во 74. минута Сабитцер погоди за 4:2.

До крајот Борусија можеше да постигне уште некој гол, но и овој резултат беше доволен за полуфинале против ПСЖ.

 

ПретходноПознати групите за ракометните турнир на ЛОИ во Париз 2024
СледноЕвертон доби продолжување на рокот за отплата на заемот, новите сопственици во трка по пари