Антиќ: Ќе дадеме се од себе да прикажеме една друга страна на оваа генерација

380

Нашата женска јуниорска селекција денеска тргна на пат за Софија каде во текот на наредната седмица (27.јули-1.август), ќе учествува на ФИБА „Челенџ“ турнир за кошаркарки „Под 18“ години.

А како дел од групата „Д“, нашата женска јуниорска селекција ќе игра против репрезентациите на Бугарија, Албанија, Словенија, Швајцарија и Украина.

Селекторот на овој наш национален соства, Јелена Антиќ, очекува, пред сè, добри игра на турнирот кој ќе се игра во салата „Тријадица“ во Софија.

„Целиот стручен штаб е задоволен од односот на девојките во изминатиот период. Достигнавме една одредена форма и се надевам дека ќе успееме да ја одржиме. Одигравме неколку контролни натпревари во периодот на подготовките, и сметам дека сме спремни да покажеме добри игри во Бугарија“, анализира Антиќ.

На почетокот на турнирот, во вторник, од 14.часот, следува премиерниот дуел на „Челенџерот“, оној со селекцијата на Украина.

„Уште на првиот натпревар во Софија, имаме доста силен противник. Играме со селекцијата на Украина, за кои сеуште не знаеме ништо. Но од минатото знаеме дека Украина е земја со големи таленти и високи играчи“.

Антиќ вели дека најважно е да се фокусираме на нас, на нашите игри…

„Како и да е, најважно е да се фокусираме на нашата игра, и играчите да го испочитуваат тоа што го бараме од нив. Ние ќе дадеме се од себе да оствариме што е можно повеќе победи, и да прикажеме една друга страна и карактер на оваа генерација“.

ПретходноВоска Спорт не се шегува: Триумф над Борец среде Велес!
СледноПобеда го освои „Вуко Каров“, Вардар трет!