Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) во Виена ќе ги добие противниците во групната фаза за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во три земји. Австрија, Унгарија и Швајцарија ќе бидат домаќини на овој шампионат.
Пред ждрепката беа познати градовите домаќини на групната фаза, а тоа се Дебрецин, Базел и Инсбрук.
Македонија е во третиот шешир, ова значи дека за противници ќе ги одбегне Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд.
Од извлекувањето на групите директен пренос ќе има на третиот премиум канал на Арена, додека пак оние кои што го немаат овој ТВ канал, ждрепката ќе можат да ја следат на YouTube на ЕХФ.
1. ШЕШИР: Норвешка, Данска, Ц. Гора, Франција, Шведска, Холандија
2. ШЕШИР: Германија, Шпанија, Унгарија, Романија, Швајцарија, Австрија
3. ШЕШИР: Словенија, Хрватска, Полска, Србија, Македонија, Исланд
4. ШЕШИР: Украина , Чешка, Словачка, Турција, Ф. Острови, Португалија
Домаќините на групите на ЕП:
Група А (Унгарија) Дебрецин
Група Б (Ц. Гора) Дебрецин
Група Ц (Франција) Базел
Група Д (Швајцарија) Базел
Група Е (Австрија) Инсбрук
Група Ф (Германија) Инсбрук