ОИ Париз: Германците одвоија 2,1 милион евра за освојувачите на медали

46
ФОТО: https://olympics.com/

Германската фондација за помош на спортистите ќе одвои 2,1 милион евра за бонуси на најуспешните натпреварувачи на Олимписките и Параолимписките игри годинава во Париз.

Освојувачите на златни и сребрени медали од Германија ќе добијат по 20.000 односно 15.000 евра. Наградата за бронза е 10.000 евра, објави фондацијата во средата, 100 дена пред официјалното отворање на Игрите.

Фондацијата, основана во 1967 година, се финансира исклучиво од приватниот сектор. Годинава на германските спортисти им помага со 23 милиони евра, од кои 3,5 милиони се за олимпијци и параолимпијци.

„Фокусот е на континуирана и сеопфатна поддршка за најдобрите млади и водечки спортисти во Германија“, рекоа од фондацијата.

ПретходноНашите судии, делегати и инструктори добија 15 номинации за шампионатите „под капата“ на ФИБА
СледноФараните ги отворија „картите“ за пресметката со Македонија