Полувреме: Голема борба во Штип, ама мрежите мируваат!

148

Заврши првиот дел од првиот меч од 28.коло во ПМФЛ, меѓу Брегалница и Работнички кој се игра во Штип. На пауза се замина со тие почетни 0:0. Проследивме голема борба теренот, со многу тактика и игра без некој посебен ризик од двете страни ако се знае дека овој меч веројатно е круцијален во битката за опстанок.

Штипските „сини“ како беа нешто поактивни, ја имаа иницијативата а најблиску до гол беа во 31.минута кога по центаршутот на Робакидзе, Ѓ. Ѓорѓиев шутираше со глава, но за малку непрецизно.

Работнички се закани во 45.минута откако Ангелов шутираше од мртов агол.

ПретходноАбердин и Миовски не успеаја да се пласираат во финалето на Kупот
СледноЛајпциг победи со гол во финишот, за Елмас повторно десеттина минути!