Фудбалерите на Болоња одиграа фантастичен натпревар и остварија голема победа на гостувањето кај Рома во мечот од 33. Коло на италијанската Серија А.
Повеќекратниот шампион на Италија славеше со 1:3 во директниот дуел за место во Лигата на шампионите, затоа што со оваа победа Болоња стигна до дури седум бода повеќе од Рома, а што е уште поважно, 8 бода повеќе од Аталанта која е на шестото место.
Головите во победата на гостите ги постигнаа Ел Азузи (14’), Циркзее (45’) и Салемакерс (65’). Единствениот гол за Рома беше дело на Азмун во 56. минута.
🇮🇹 Goal: Alexis Saelemaekers | Roma 1-3 Bologna pic.twitter.com/0g845kCMaK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 22, 2024