Повторно промени во Ф1 календарот. И оваа година нема да се вози ГН на Канада, а како замена е одбрана ГН на Турција која ќе се вози од 11 до 13 јуни.
Канада не може да ја организира трката, поради тоа што земјата бара 14 дневен карантин на секој кој ќе пристигне во земјата.
Трката во Истанбул се возеше и минатата година, после две години пауза. Тогаш Луис Хамилтон стигна до седмата шампионска титула на оваа трка.