ТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Мојсов блескаше против шампионот

326

Раритет во светски рамки е тренер на колото да биде еден брат, а играч на колото помалиот брат. И тоа од еден ист тим. Секако дека во мак – фудбалот тоа досега никогаш не се случило. Па, ете, денеска и се случи.

Според “СпортСпорт“ играч на колото е Даниел Мојсов од Тиквеш, а тренер на колото е Ѓорѓи Мојсов, исто од Тиквеш, и тоа по победата над Струга ТЛ. Даниел не само што постигна ефектен гол туку едноставно блескаше на теренот во дресот на кавадарчани.

Покрај него во тимот на 30.коло се и неговите соиграчи Стојкоски и Силва, потоа Алексовски и Гандо од Работнички, Илиески и Марушиќ од Воска, Кировски од Гостивар, Ристовски и Шушњара од Вардар, Аганспахиќ од Шкендија.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

 ДАНИЕЛ МОЈСОВ

 Тим: Тиквеш

 Роден: 25.12.1987 во Кавадарци

Кариера: Македонија ЃП, Вардар, Војводина, Бран, Лирс, Адана Демирспор, АЕК Ларнака, Брегалница, Тиквеш

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Вардар со стил го “освои“ Штип и ги израдува „Комитите“!
СледноПроблем за ПСЖ и за Франција – Ернандез паузира шест месеци