Откако синоќа го победија ТСЦ Бачка Топола со 2:1, фудбалерите на Ц. Звезда и официјално и дефинитивно се прваци во Суперлигата во Србија. Ова за некогашниот европски првак е 35.титула во својата клупска историја или седма во низа.
И покрај се “црвено – белите“ покажаа дека никој ништо не им може, дека одново се пред лутиот ривал Партизан кој веќе неколку сезони е во страшна криза и дека едноставно не може да се носи без разлика што во оваа сезона беше есенски првак.
По триумфот над ТСЦ, лудо беше славјето на играчите на Владан Милојевиќ во соблекувалната.