Од синоќа и официјално, Сондерјиске е новиот член на Суперлигата во Данска. По победата над Фредерициа со 2:1, тимот на Иван Николов и Сефер Емини се пласираа во елитната лига на Данска за следната сезона.
Секако дека ова е голем успех за нашите репрезентативци Николов и Емини, кои во изминатата сезона беа едни од клучните играчи на тимот во походот кон Суперлигата.
Кога сме кај Емини да кажеме дека него му завршува договорот и тој ќе прави трансфер, додека Николов ќе биде една од главните алки на Сондерјиске следната сезона во елитната лига на Данска.