Лазаров дополнително го повика Карапалевски!

317

Македонската ракометна репрезентација денеска и официјално ќе стартува со подготовките за бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на СП 2025 година.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров одлучи дополнително да го повика Мартин Карапалевски. Репрезентација ќе биде комплетна во недела кога последни во стројот ќе се приклучат капитенот, Никола Митревски и Филип Талески, кои утре ќе ги одмерат силите во македонското дерби во Португалија.

Лазаров во подготвките ќе смета на 21. ракометар, тој има и список од седум резерви.

Првиот натпревар Македонија го игра на 8. мај на гостински терен, реваншот со Ф.Острови е закажан за четири дена подоцна во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноРеал Мадрид во преговори за голем талент на аргентинскиот фудбал
СледноЛазаров: Ги почитуваме Ф.Острови, но се почитуваме и себе си! Верувам во играчите!