У17: Младите на патот до ЕП преку Шпанија, Исланд и Естонија

526

Во Нион денеска, исто така со ждрепка беа одредени и квалификациските групи претстојното ЕП 2025 за играчи до 17 години. УЕФА го лансираше новиот формат на натпреварувањето со осум селекции во завршницата на ЕП кое ќе се одржи во Албанија следната година.

Нашите млади надежи до 17 години се најдоа во групата „12“ каде се и Шпанија, Исланд и селекцијата на Естонија.

Квалификациите ќе се состојат од две фази, сега именувани како круг 1 (есен) и круг 2 (пролет). Двете фази ќе се играат како мини-турнири во едно место. Двете првопласирани селекции во секоја од групите ќе се квалификуваат за Лига А делот во вториот круг на пролет.

ПретходноУ19: Словачка, Летонија и Луксембург наши ривали во квалификациите за ЕП 2025
СледноРаботнички го возврати ударот, израмни во полуфиналето со Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)